Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУКАН И ВАЈГЛ: Силна опозиција може да има удел и мора да преземe дел од одговорноста

КУКАН И ВАЈГЛ: Силна опозиција може да има удел и мора да преземe дел од одговорноста

Европратениците Иво Вајгл и Едуард Кукан денеска ја повикаа опозицијата да се врати во Собранието и активно да учествува во донесувањето на стратешките одлуки

Според нив, силна опозиција може да има удел во одговорноста и мора да преземe дел од одговорноста. 

„Коалицијата на власт има одговорност да направи опозицијата да се чувствува комотно и да и се даде шанса да учествува во процесот на законодавство во донесувањето стратешки одлуки за државата,а тоа е нешто што отсуствуа во овој момент“ - рече Вајгл.

Вајгл вели дека има големи очекувања од процесот „Жан Моне“ и додава дека тој најверојатно ќе почне во март, но тоа нема да биде Париз. Одлуките и заклучоците ќе се носат во Собранието.

Европратениците зборуваат и за реформите во државата.

„Се надевам дека со добра волја ќе видиме подобрување на билатералните односи во регионалната соработка. Таа е важна за идното функционирање на проширената Европска Унија и не помалку важно е и функионирањето на парламентарната демократија која треба да биде суштина на сите идни членки на ЕУ“- вели Кукан.

Европратениците се обратија на Конференцијата на Парламентарните комисии за европски прашања на државите од процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа која денеска се одржа во Собранието на Република Македонија. 

Слично

Поврзани вести