Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кучиња скитници нападнале маж и девојка во Скопје

Кучиња скитници нападнале маж и девојка во Скопје

Маж и девојка вчера во Скопје се каснати од повеќе кучиња скитници. Мажот е каснат за левата потколеница, а девојката за десната нога.

Во Полициската станица Центар околу 10 часот, М.С.(59) пријавил дека истиот ден околу 7,15 часот на улицата „Лазар Личеновски“ го нападнале четири кучиња-скитници при што го каснале за левата потколеница. На М.С. му е укажана лекарска помош во Клиниката за инфективни болести при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во 14.20 часот во Полициската станица Центар Ј.С.(25) пријавила дека на 15.03.2018 година околу 22 часот на улицата „Трифун Хаџијанев“ ја нападнале неколку кучиња-скитници, а едното од нив ја каснало за десната нога.  Таа побарала лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. 

Слично

Поврзани вести