Кучиња скитници искасаа четворица луѓе во Скопје
Четири лица од Скопје вчера во полиција пријавиле напад од кучиња.
М.Ш. на возраст од 34 години пријавила каснување од куче скитник во пределот на левата нога на булеварот ВМРО. Две кучиња скитници ја каснале И.С.(31) на плоштадот Македонија.
Имало и друг напад од глутница кучиња скитници на улицата Максим Горки, при што е повредено лицето А.Т.(49). Последниот напад вчера била на булеварот Илинден, при што С.Б.(23) пријавил дека е каснат за десната потколеница.
Последниве месеци вакви случаи имаше многу во главниот град, а неколку инциденти имаше и во внатрешноста на Македонија.
Слично
