КУЧЕНЦЕТО ШТО ГО ВДОМИ МИНИСТЕРКАТА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА СЕ ВИКА СТЕЛА: „Дона беше моето прво куче, а потоа Доли, Ава, Аба, Коки
Министерката за
одбрана, Славјанка Петровска која пред два дена си го вдоми црното кученце кое,
додека таа држеше говор во Воената академија „Генерал Михаило
Апостолски“ се качи на бината
веќе е однесено на ветеринар и вакцинирано и се вика Стела.
По коментарите дека министерката го земала само за да собира политички поени и дека кученцето повторно е на улица, Петровска на фејсбук објави фотографија и напиша:
-Ширете љубов, а не омраза и лаги, затоа што тоа што го ширите тоа ќе ви се врати. Дона беше моето прво куче, кога имав 3 години, потоа миленичиња ми беа Доли, Ава, Аба, Коки...а сега Стела.
Во изјава за Мета таа објасни како одлучила да си го земе кученцето и каде ќе го чува:
-Додека траеше настанот, го здогледав кученцето како се вртка околу построените кадети. Баш беше слатко и си помислив, ако се качи на бина, ќе си го земам. Кога почнав јас да држам говор, кученцето се качи на бина и го засени настанот. Веќе знаев дека ќе си го земам, а подоцна откако ветеринар кажа дека е девојче, решив да си ја викам Стела, оти беше вистинска ѕвезда на настанот. Стела е однесена е на ветеринар, вакцинирана е и прочистена од глисти. Си ја чував денеска во канцеларија, си трчкаше наоколу. Планирам да ја чувам и овде и дома. “, раскажува Петровска за мета.
