Куче усмрти осумгодишно дете од Скопје
Дете на возраст од осум години почина синоќа откако било нападнато од куче што го чувал неговиот сосед во скопската населба Пинтија.
- Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ на 11.04.2023 во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.., соопшти МВР.
Според последните сознанија, смртта била констатирана на Клиниката за хируршки болести во Скопје.
Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Слично
