Куче скитник нападна девојче
Во Ургентното одделение на гостиварската болница вчера околу 14.20 часот е донесено 14-годишно девојче од село Симница со тешки телесни повреди.
По укажаната лекарска помош, девојчето е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Девојчето се здобило со повреди додека пеш се движело по улица во селото Долна Бањица, при што го нападнало куче-бездомник. Девојчето бегајќи од кучето, паднало и се повредило.
Неодамна имаше повеќе случаи во Скопје, но и во Охрид каде кучиња нападнаа луѓе.
Слично
