Куче откопало човечка нога на гробиштата во Бутел
МВР и Обвинитеството отворија случај, откако куче скитник најверојатно откопало човечка нога на најголемите македонски гробишта во општина Бутел.
Синоќа на улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, од страна на граѓанин било забележно како куче скитник влечело дел од човечко тело (нога).
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид. По наредба на Јавен обвинител пронајдениот дел од човечкото тело било предадено во Институтот за судска медицина за натамошно вештачење.
Слично
