Кубилиус: Неприфатливо е билатералните спорови да се користат за блокирање на пристапните преговори
Eврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус вели дека е неприфатливо билатералните спорови да се користат за блокирање на пристапните преговори на земјите кандидати за членство во Европската Унија(ЕУ).
Кубилиус нагласи дека иако како еврокомесар за одбрана не е директно вклучен во процесот на проширување, додека бил европратеник, заедно со хрватскиот колега Тонино Пицула, работеле на Извештај за стратегијата за проширување на ЕУ, каде што идентификувале два клучни аспекти.
„Прво, наведовме оти очекуваме дека проширувањето треба да заврши до 2030 година, што мислам дека е реално, и второ, дека е целосно неприфатливо земји-членки да се обидуваат да ги решат своите, би ги нарекол, историски спорови со блокирање на пристапните преговори на земјите кандидати. Нашиот предлог беше многу едноставен – тие спорови да се решаваат на поинаков начин, не со блокирање на преговорите. За жал, тоа е случај тука и би рекол дека не е фер кон нашите земји кандидати“, изјави Кубилиус.
Тој подвлече дека кога државите од Централна и Источна Европа биле кандидати за членство, никој од западните членки не ги блокирал, иако можел, што, според него, прави сегашното однесување на истите тие земји неконзистентно и нечесно.
фото принтскрин
