Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кубачот на Шекеринска по неуспешната жалба се надева на амнестија

Кубачот на Шекеринска по неуспешната жалба се надева на амнестија

Панче Ангелов откако не ја доби жалбата пред Апелационен суд за намалување на казната сега се надева ќе отслужи помалку од четири години според новиот закон за амнестија на осуденици. 

Неговиот адвокат вели дека веќе поднел барање до судот и смета дека се исполнети условите неговиот клинет за добие 30 процентно намалување на казната. Доколку барањето биле одобрено наместо 4 години затвор, казната за Ангелов, кој ја кубеше за коса тогашната пратеничка, би се намалила на нешто под три години, пренесува Телма

Од стапувањето на сила на Законот до сега на слобода излегле 600 осуденици, а уште речиси 200 ги чекаат решенијата за амнестија од судовите. На останатите затвореници за кои важи амнестијата, казните им се намалуваат за 30 проценти.


Слично

Поврзани вести