Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Кубачот“ на Шекеринска не доби милост од Апелација

„Кубачот“ на Шекеринска не доби милост од Апелација

Панче Ангелов кој во Собранието на 27 април мината година ја нападна тогашната пратеничка Радмила Шекеринска влечејќи ја за косата не доби „милост“ од Апелационот суд. Тој ќе остане на пресудата со која му се предвидува казна од четири години затвор и Апелација не ги прифати правните аргументи на неговата одбрана.

Со одлуката Апелацискиот суд ја потврди пресудата и висината на казната што на Ангелов му ја одреди првостепениот суд на 12 октомри, минатата година.

Ангелов и неговата одбрана на јавна седница во Апелација на 16 јануари побараа судот да ја преиспита висината на казната и да определи поблага или условна казна.

Тој пред судот рече дека само ја потегнал Шекеринска за коса, но не ја повредил.


Слично

Поврзани вести