Економија, финансии, бизнис

Контакт

КСС најави протест - кои се барањата?

КСС најави протест - кои се барањата?

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС)  на 17 јануари, во пет минути до 12 часот, ќе одржи јавен предупредувачки протест пред Владата, информираше денеска претседателот на овој синдикат,  Благоја Ралповски.

Одлуката за протестот е донесена на Конференцијата на КСС како највисок орган меѓу два конгреса.

Од Синдикатот ја повикаа Владата најдоцна до 16 јануари да организира средба со синдикалните претставници со цел да се изнајдат заеднички решенија.

„Сакаме да ја искажеме нашата подготвеност и истрајност дека ништо нема да нѐ поколеба, ниту најекстремниот обид за спречување на овој протест затоа што нашето членство е подготвено и овој момент да излезе на улица“ - изјави Ралповски.

Од СОНК предупредија дека доколку не се изнајдат заеднички прифатливи решенија, ќе се доведе во прашање почетокот на второто полугодие од учебната година и работата на градинките. 

КСС бара да претстанат притисоците врз синдикалните претставници, да се пристапи кон усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата, да почнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор и преговори за измена на Општиот колективен договор за јавниот сектор.

Слично

Поврзани вести