Економија, финансии, бизнис

Контакт

КСС: „Катастарот“ не постапил според прописите, дозволи вработена да почине од Ковид-19

КСС: „Катастарот“ не постапил според прописите, дозволи вработена да почине од Ковид-19

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) побара од Владата и сите работодавачи да преземат конкретни мерки за заштита на вработените од корона вирусот и посочуваат дека во Агенцијата за катастар на недвижности не е направена проценка на ризик и реорганизација на работните места поради што, како што велат од таму, починала една вработена.

– Во простории каде што на исто место работат повеќе од 20 луѓе без ажурирана проценка на ризик и реорганизација на работните места, се доведуваат работниците во животно загрозувачка состојба. Претходните 10-тина дена се случи кластер на заразени од САРС-КоВ-2 вирусот во Катастарот на недвижности во Скопје и овој викенд почина една вработена која беше заразена на нејзиното работно место. Спротивно на прописите во Македонија, работодавачот ги довел вработените во животно загрозувачка состојба без ажурирана проценка на ризик согласно новата биолошка штетност, иако бил предупреден од синдикалниот претставник, истиот не постапил согласно прописите. Дали некој ќе понесе одговорност за ваквата состојба на работниците, соопшти КСС.

Од таму бараат Владата и работодавачите да го почитуваат законот за безбедност и здравје при работа и да ја реорганизираат работата, или во спротивно ќе бидат принудени да ги преземат сите легитимни инструменти што им стојат на располагање.


Слично

Поврзани вести