Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ксенија Николова за Беличанец: Замина талент кој скришно се бореше со внатрешни демони

Ксенија Николова за Беличанец: Замина талент кој скришно се бореше со внатрешни демони

Три дена по трагичната вест која ја погоди актерската фела за смртта на актерката Билјана Беличанец не стивнуваат коментарите на социјалните мрежи и последните пораки.

Емоциите со пријателите на Фејсбук за оваа вест ги сподели и писателката Ксенија Николова.

Еве што напиша таа:

„Почивај во мир, драга Туфи, прекрасна дамо Беличанец.
Секој пат кога ќе чујам за смрт, јас се потресувам, дури и да не знам за кого станува збор, јас се потресувам. Таква сум.
А, кога од светот ќе замине талент кој скришно се бори со внатрешни демони, срцето ми се распарчува.
Се плашам, се плашам од тоа каде оди светот, а колку ние се’ уште молчиме.
Демоните не’ грицкаат, нас ни е тешко да признаеме, затоа што ако признаеме, кој ли ќе не’ разбере низ што поминуваме?!
Менталното здравје пријатели, тоа е тема за која треба да се зборува.
Да имаме емпатија и да даваме помош, да не чекаме да ни ја побараат, стои во објавата.“

Слично

Поврзани вести