Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крвнички претепано момче од Стајковци

Крвнички претепано момче од Стајковци
Вчера околу 19,00 часот во Скопје на ул.„Алија Авдовиќ“ во автобус бр.65 кој сообраќал во правец од населба Ченто кон с.Стајковци, поточно на автобуската постојка кај ОУ„25-ти Мај“, група од околу десетина малолетници истуркале од автобусот 17 годишно момче од с.Смиљковци, ученик во 4-та година во АСУЦ, и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.

Во еден момент еден од напаѓачите го удрил со тврд предмет во пределот на главата, по што групата се разбегала. Со возило на Итна медицинска помош момчето е пренесен во Градска општа болница “Св. Наум Охридски“ каде му е укажана лакарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести