Крвнички претепан Бранко Синадиновски
Денес околу 14:30 часот, во полициската станица во
населбата" Аеродром " е пријавено дека физички е нападнат контроверзниот Бранко
Синадиновски, основачот на самопрогласена Верската заедница на православните Албанци во
Македонија. Според првичните информации тој
е физички нападнат во близина на неговиот стан во населба Аеродром. Причините и
напаѓачите се сеуште непознати.
МВР соопштија дека го истажуват настанот и мотивите за истиот.

Бранко Синадиновски стана познат за јавноста последниве години, по декларирањето на неговото етничко потекло и поддршката за основање на Верска заедница на православните Албанци во Македонија. Синадиновски по потекло е од Беличица, Горна Река, во регионот на Маврово во Македонија.
Слично
