Крвнички ги натепал родителите затоа што не му дале пари за роденден
Обвинителството бара притвор за скопјанец, кој физички ги нападнал двајцата родители откако одбиле да му дадат пари.
„Во семејниот дом на улица „Њуделхиска“, на 18 март, осомничениот при вршење семејно насилство телесно ги повредил неговите родители. Манифестирајќи агресивно однесување затоа што не добил парични средства за роденден, тој започнал со клоци да удира на вратата од собата на неговите родители и насилно влегол внатре. Прво го нападнал неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и кубејќи му еден прамен од косата. Потоа со употреба на физичка сила ја нападнал и сопствената мајка, која пристапила во одбрана на сопругот, удирајќи ја со клоци во главата и во левиот колк. Од ударите двајцата родители се здобиле со телесни повреди“, соопшти скопското обвинителство.
