КРВАВ ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ: 84-годишен дедо си го уби внукот, ги рани сопругата и ќерката и се самоуби
Крвав чин го потресе скопски Бутел .
Нешто пред 13 часот крвава семејна драма се одвивала на улицата Хо Ши Мин кога осумдесет и четири годишниот П.Т: со огнено оружје пукал кон неговите сопруга, ќерка и внук, по што се самоубил.
МВР потврди дека на лице место починал внукот, 32 годишниот Т.С., додека со возилот на Итна медицинска помош во Ургентниот центар биле пренесени сопругата (П.Т.) и ќерката Л.С. (1959) кои се наоѓаат во животна опасност.
Полициски екипи се на терен и вршат увид.
Мотивите за оваа трагедија ќе бидат познати по истрагата.
Слично
