Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крвав инцидент во Прилеп: Брачна двојка пронајдена мртва

Крвав инцидент во Прилеп: Брачна двојка пронајдена мртва

Брачна двојка од Прилеп денеска е пронајдена мртва и според сомнежите на прилепското Јавно обвинителство станува збор за убиство и самоубиство.

Според податоците на обвинителството се работи за брачната двојка, 81-годишниот Мице и 76-годишната Илка Нешкоски. Случајот бил пријавен од минувач кој го забележал телото на Мице Нешкоски под балконот од зграда во населбата „Димо Наредникот“.

„Телото под балконот во атриумот на зградата го пронашол случаен минувач нешто пред 12 часот, денеска напладне. Според првичните сознанија станува збор за убиство и самоубиство, зашто во станот на брачната двојка е пронајдено телото на сопругата Илка со прострелна рана во главата од пиштол, а сопругот под балконот. Истрагата е во тек“, изјави јавниот обвинител Маријана Илиеска

Според станарите брачната двојка имала мирен и добар брак. Се претпоставува дека сопругата во последно време боледувала од склероза.

Кога се случил настанот, брачната двојка била сама во станот на третиот кат во зграда од населбата „Димо Наредникот“. Живееле со синот снаата и едно внуче.

Слично

Поврзани вести