КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО ИДРИЗОВО: Затвореник исекол полицаец, повеќемина биле нападнати
Затвореници нападнале полицајци од затворската полиција завчера попладнето во затворот Идризово, а еден од нив е исечен со нож, дознава Фактор. Овој инцидент е пријавен во полиција и од МВР го потврдуваат.
Според информациите, тој ден односно на 23 јуни командирот издал наредба на колегите од затворската полиција да извршат претрес во една соба во амбулантното оделение. Кога пристигнале во ходникот имало повеќе осудени лица со разни тврди и остри предмети во рацете.
Потоа настанал и инцидентот при што еден од припадниците на затворската полиција бил повреден со остар предмет.
Полицијата работи на случајот.
А.Т.
Слично
