Крвав инцидент во центарот на Скопје: Ученик прободен со нож
Днеска околку 12:40 часот на автобуската постројка Рекорд, младо момче е прободено со нож во пределот на стомакот.
16-годишниот З.Т. бил итно пренесен во хируршката болница Св. Наум Охридски и не е во животна опасност.
На инцидентот му претходела вербална расправија со неколку повозрасни момчиња. На враќање од средното угостителско училиште, конфликтот започнал во автобусот со број 57, продолжил надвор, на автобуската станица Рекорд, при што еден од повозрасните го прободел момчето.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.
Слично
