Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крвав дочек на Нова година во Манчестер, инцидент и во Токио

Крвав дочек на Нова година во Манчестер, инцидент и во Токио

Осум лица се повредени кога засега неидентификувано момче (20) со кола влетал меѓу пешаци во улицата каде граѓаните се собрале поради дочекот на Новата година во Токио.

Момчето е уапсено под сомнение дека намерно се обидело да убие луѓе со автомобил, пренесе АП.

На видеата кои ги објави локална ТВ, се гледа мало возило кое е смлечкано од предниот дел, како и полиција и кола на итна помош кои се наоѓаат на лице место.

Три лица се избодени со нож во инцидент кој се случил во Манчестер на станицата Викторија во текот на новогодишната ноќ, соопшти британската полиција.

Повредени се маж, жена и еден полицаев, пренесе Ројтерс, а напаѓачот веднаш е приведен.


Слично

Поврзани вести