Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крвав ден на патиштата, две жртви во сообраќајки

Крвав ден на патиштата, две жртви во сообраќајки

Крвав ден на македонските патишта каде при две одвоени сообраќајни несреќи двајца возачи ги загубија животите. 

Доцна синоќа на локалниот пат Гостивар-село Куново возило „опел аскона“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од Гостивар,излетало од патот. Во незгодата од здобиените повреди тој починал на местото на несреќата. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Неколку часа претходно, во Кочани на улицата Тодосија Паунов се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Д.С. (24) од Виница и „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(32) од Кочани. 

Веднаш по незгодата возачите со возило на Итна помош биле пренесени во Здравствениот дом во Кочани, каде Д.С. починал, а А.П. здобил телесни повреди. 

Слично

Поврзани вести