Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кружи фотографија со чуварот кој му го одзел мобилниот на Јане Ченто

Кружи фотографија со чуварот кој му го одзел мобилниот на Јане Ченто

На социјалните мрежи кружи семејна фотографија на затворскиот чувар Жарко Милошевиќ со тврдење од одредени структури дека тој му нанел повреди во истражниот затвот Шутка на Јане Ченто, инаку обвинет за упадот во Собрание на 27 април.

Медиуми апелираат да не се објавуваат лицата на неговиот малолетен син и неговата сопруга, а за чуварот не е утврдено дека го прекршил законот

Мобилен телефон, мобилен полнач, импровизиран кабел за полнење мобилен телефон и други недозволени предмети биле пронајдени вчера при редовен претрес на собите во истражниот затвор Шутка кај лицето Јане Ченто, соопштија претходно од Истражниот затвор.

Директорот на затворот Ѓоко Котевски потврди дека службените лица издале наредба да ги предаде недозволените предмети, на што тој се спротиставил и пружил активен и насилен отпор. Службените лица на тоа одговориле со зафат согласно утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби и му ги одзеле телефонот и другите недозволени предмети.

Како што додаваат со медицинска белешка утврдено е дека како резултат на физичкото дејство има црвенило врз кожата, без посериозни последици.


Слично

Поврзани вести