Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крушевскиот градоначалник Томе Христовски е на Инфективна клиника во Скопје, позитивен на ковид 19

Крушевскиот градоначалник Томе Христовски е на Инфективна клиника во Скопје, позитивен на ковид 19

Томе Христовски, градоначалник на Крушево, е позитивен на коронавирусот.

Тој од вчера бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

Информациите говорат дека крушевскиот градоначалник првите симптоми ги почувствувал во неделата вечерта, по што во понеделниколт направил тест, кој покажал дека е позитивен на ковид 19. 

Од општината за медиумите информирале дека неговата состојба е стабилна, но не е познато колкав период Христовски ќе остане на болничко лекување 

Вчера дека се позитивни на коронавирусот објавија и градоначалникот на Центар, Саша Боданович, како и прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски.

Слично

Поврзани вести