Крсто Мукоски не ги следел реакциите на јавноста за амнестијата
Со одлука на Кривичниот суд пратеникот Крсто Мукоски е амнестиран од обвинението за настаните од 27 април.
Тој вчера изјави дека се чувствува како слободен човек.
„Се чувствувам денеска како слободен човек и немам ништо повеќе да додам. Не ги следам реакциите кај јавноста, затоа што по цели денови сум во Собрание“ – изјави тој за Фокус.
Тој повеќе нема да биде гонет за неговото учество во настаните од упадот на Собранието, во согласност со Законот за амнестија.
Амнестираните се Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, како и водачите на „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски. Тие вчера попладне добија амнестија.
Слично
