Крсто Мукоски му се извинил на Заев
Пратеникот Крсто Мукоски му се извинил на премиерот Зоран Заев за настаните од 27 април лани, кога ги отворија вратите и овозможија насилници да влезат во Собранието, по што тепаа пратеници.
„Простувањето понекогаш значи и извинување“, вели премиерот Заев.
Тој се извинил и на спикерот Талат Џафери. Заев вели дека простил во истиот момент, но тоа е она што се однесува до него.
Премиерот кажа дека имал средба со новата пратеничка група, која гласаше за уставни измени.
Mукоски е еден од пратениците кои гласаа „За“, по што беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со уште шест колеги.
Слично
