Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крстев: Двете политички партии со предзнак ВМРО во двете земји работат против ЕУ

Крстев: Двете политички партии со предзнак ВМРО во двете земји работат против ЕУ

Бугарија ја води антибугарската кампања во Македонија, тврди бугарскиот новинар Николај Крстев. 

Тој за offnews.bg вели дека е проблем кога внатрешната политика на една земја станува меѓународна. Смета дека двете политички партии со предзнак ВМРО во двете земји работат против ЕУ, а во корист на Пекинг и Москва

„Едното ВМРО има потреба од гласови пред изборите во март, а на другото му требаат за да се собори владата на Зоран Заев“, објаснува Крстев.

Вели дека Бугарија го има најголемиот интерес Западен Балкан да се интегрира во ЕУ, а всушност постојано го блокира тој процес.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека до вторник очекува да се најде решение со Бугарија, со цел да не ги блокираат македонските преговори со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести