Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кровови од згради се разлетаа низ Скопје, Шилегов вели дека веднаш ќе бидат собрани

Кровови од згради се разлетаа низ Скопје, Шилегов вели дека веднаш ќе бидат собрани

Паднати дрвја, превртени контејнери и разлетани кровови од згради и други објекти, како и полициски контроли кои го пренасочуваа сообраќајот беше сликата од синоќешното невреме предизвикано од силниот ветар што го погоди Скопје.

Паднати лимови имаше на секаде, особено по најпрометните улици и булевари, а измерената брзина на ветерот беше поголема од 70 километри на час. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ги повика граѓаните да внимаваат на себе и порача дека градските служби веднаш започнале со собирањето на паднатите лимови.

„Екипите се веќе излезени на терен и започнавме со отстранување на одлетаните кровови и паднатите дрва. Ве замолувам, секој поединечно, да внимава пред се’ за својата лична безбедност, но и безбедноста на другите луѓе и имоти. Состојбата се следи и се превземаат соодветни мерки“, објави Шилегов.


Слично

Поврзани вести