Кроасан и сок од портокал – француско испраќање на првите патници за Париз
Авиокомпанијата „Визер“, ТАВ Македонија и Француската амбасада денеска ги изненадија првите патници на летот Скопје-Париз, испраќајќи ги на француски начин - со кроасан и сок од портокал.
Првиот авион на „Визер“ на релацијата Скопје-Париз полета попладнево во 17:45 часот и во тоа исто време ќе лета два пати неделно - секој понеделник и петок.
Од моментот кога било објавено воспоставувањето на оваа авиолинија до денеска се направени повеќе од 4.000 резервации, што за „Визер“ е доказ за популарноста на оваа дестинација и потребата на Скопје да се поврзе со Париз.
„Нашата компанија е посветена на обезбедување рути за суми кои се неверојатно ниски, а бројот на линии веќе достигна 15. Денеска го славиме воведувањето на новиот лет до Париз и со нетрпение ги очекуваме многуте патници во двете насоки на оваа атрактивна дестинација,“ изјави Тамара Мешвениераџе, менаџер за корпоративни комуникации во „Виз ер“.
На оваа релација ќе лета еден од новите авиони на „Визер“ од типот Ербас А320. Меѓу првите патници кои одлетаа за Париз со „Визер“ беше и француската амбасадорка во земјава Лоренс Оер.
„Отворањето на директна авиолинија на релација Скопје-Париз претставува одлична можност за унапредување на односите меѓу двете земји, помеѓу претпријатијата, туристите и подобро откривање на атрактивноста на двете земји“, изјави Оер пред поаѓањето.
Фото: Макфакс
Слично
