КРМОВ ЗА МУЗЕЈОТ НА УЧК ВО СОПОТ: Премиерот наместо да превземе нешто се објаснува!?
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов ја коментира изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за музејот на УЧК кој ДУИ деновиве го отвори во кумановското село Сопот.
Тој прашува зошто Спасовски ни објаснува кои се ДУИ, а не презема мерки.
„Е за ова зборува Ахмети кога зборува дека Албанците биле господари во Македонија. За ваквите импотентни и плашливи политичари, кои за ден повеќе влада, лакоми за пари, ги гланцаат чизмите на УЧК. Борбата за македонска самобитност не е завршена. Или ќе ставиме крај на ваквите појави или нема да издржиме уште долго“, пишува Крмов.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети оттаму порача дека тие се господари на Македонија.
На фотографиите се гледа дека во Сопот има споменик со картата на Голема Албанија, во чиј состав е и пола Македонија.
Слично
