Крмов: Извори на „Левица“ велат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени
Според извори на „Левица“, ВМРО-ДПМНЕ се договорила за уставните измени, само копјата се кршат дали тоа ќе се случи пред или по изборите – изјави пратеникот Борислав Крмов во изјава за ТВ Стар.
- Од наши извори коишто ги имаме, ВМРО ДПМНЕ се има согласено за уставни измени, само се кршат копјата дали ќе бидат пред или после избори. Затоа што пред избори повеќе им одговара на СДС, после избори на ДПМНЕ. Сите партии, освен Левица, суверенитетот не го бараат кај народот, туку кај странските амбасади, изјави Крмов.
Според Крмов, извори на „Левица“ велат дена овој пат нема да има пребегување на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, туку ќе гласа цел парламент освен Левица.
Потоа ќе остане само Левица како политички субјект којашто ќе ги собере сите прогресивни сили и од лево и од десно, кои сакаат да пружат отпор, смета Крмов.
