Крмов и Апасиев гласаа против членство на Финска и Шведска во НАТО
Пратениците на Левица гласаа против членство на Финска и Шведска во НАТО. Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, се единствените што се изјаснија ,,против”.
Македонија ги ратификуваше протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО.
Денеска се одржа гласањето во македонското Собрание, а 103 пратеници од власта и опозицијата гласаа „ЗА“, додека против беа двајцата пратеници од Левица.
На гласањето беа присутни државниот врв и дипломатскиот кор во Македонија.
Според официјалниот список од гласањето, во собраниската сала биле присутни 105 пратеници од кои 103 гласале „за“ и двајца “против“. Во моментот на гласање во салата не биле присутни 15 пратеници.Турција е земја која се закануваше дека ќе го блокира влезот на овие две земји во НАТО, но потоа постигнаа договор, и позициите омекнаа.
Слично
