Економија, финансии, бизнис

Контакт

Крмов: Џабе ви е узурпатори, ќе дојдат и нашите пет минути

Крмов: Џабе ви е узурпатори, ќе дојдат и нашите пет минути

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов обвинува дека пленарната сала во Собранието е затворена и  дека пратениците биле спречени да влезат внатре.

„Претседателот Талат Џафери ја заклучил Пленарната сала за пратениците да не можат да влезат! Сабајлето исчезна пратеник, а сега физички сме спречени да влеземе во салата. Тоа се тие демократски методи на земја-членка на НАТО. Џабе ви е узурпатори! Ќе дојдат и нашите пет минути, ама ќе траат десет“, напиша Крмов на Фејсбук.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ го напушти Собранието и бараат брзи предвремени избори. 

Слично

Поврзани вести