Kрмов до Трајанов: Си ги перете гревовите, или јасно и гласно излезете или не ги замајувајте граѓаните
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов денеска на седницата на која се расправа за францускиот предлог, рече дека неговиот колега од Демократскиот сојуз(ДС) Павле Трајанов сака во исто време да биде „за“ и да биде „против“.
Му кажа дека тоа мавтање со хартии, односно барање да се направат корекции во предлозите, не вреди пет пари додека не се заканат со излегување од власта. Рече дека тие сакаат да ги уживаат привилегиите и да си ги перат гревовите.
Трајанов е уверен дека предлозите кои ќе ги дадат низ расправа може да доведат до корекција на заклучоците.
„Јас сум на страната на автентичните македонски национални интереси“, изјави Трајанов.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски го повика Трајанов да ја напушти Владата, да му помогне на народот, а народот ќе го награди за тоа. Кажа дека бил на страната на народот, се врадил во историјата на Македонија и сега треба да биде така. Петрушевски посочи дека на профилот на Европската Комисија(ЕК) имало изјава во која се наведува дека тие не го признаваат македонскиот јазик, туку јазикот кој се говори во Северна Македонија, но изјавата потоа е тргната.
фото принтскрин
