КРМОВ: Дали власта распореди полиција околу Собранието?
Пратеникот од Левица, Борис Крмов, објави фотографија од голем број полициски сили денеска распоредени кај Собранието на РСМ.
„Зошто е потребно олку обезбедување околу Собранието кога сите активности ги откажавме? Од кого се плаши власта?“, прашува Крмов по трагедијата која го снајде Кочани и Македонија.
Претседателот на Собранието Африм Гаши денес предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите
активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе
заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани.
Слично
