Крмов: Без кворумот обезбеден од ВМРО-ДПМНЕ, Кривичниот законик немаше да биде донесен
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, вели дека македонскиот народ мора да го препознае троецот СДС-ДПМНЕ-ДУИ, како злосторничко здружение.
Додава дека без кворумот обезбеден од ВМРО-ДПМНЕ, Кривичниот законик немаше да биде донесен.
„Вака, ДПМНЕ со помош на СДС-ДУИ си ги амнестираше функционерите за милионски криминал, на чело со Груевски. Замислете, веќе денес пратеникот Игор Јанушев од ДПМНЕ, доби условна казна од 2 години за 5 милиони евра криминал во ЈСП. Реалноста е побизарна од скеч на К-15. Додека функционерите на СДС-ДПМНЕ-ДУИ ќе добиваат само условни казни, обичен народ лежи години затвор за храна! Зошто посегнал по корка леб! Од глад. За храна!“, пишува Крмов.

Вчера за неколку часа пратениците ги изгласаа измените на Кривичниот законик.
Слично
