Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КРКААТ ЗА ИФТАРИ И ВЕЛИГДЕНИ СО НАШИ ПАРИ“: Ванковска удри по власта – „Ти народе чекај минимална, тие живеат во луксуз!“

„КРКААТ ЗА ИФТАРИ И ВЕЛИГДЕНИ СО НАШИ ПАРИ“: Ванковска удри по власта – „Ти народе чекај минимална, тие живеат во луксуз!“

Професорката Билјана Ванковска со остар и директен статус на социјалните мрежи ја критикуваше власта, обвинувајќи за расипништво и игнорирање на реалните проблеми на граѓаните.

Во објавата, таа реагира на трошењето јавни пари, додека, како што наведува, граѓаните се соочуваат со ниски примања и економска несигурност.

  • -Кркаат за ифтари за велигдени, сѐ со наши пари. Ти народе чекај минимална плата, која никогаш нема да се покачи и покрај инфлацијата и кризата - пишува Ванковска.

Таа додава дека, според неа, економската состојба е директно поврзана со политиките и одлуките на власта, особено во контекст на глобалните кризи.

  • -И уште ве убедува дека сето тоа е за наше добро… Тешки времиња доаѓаат, ним „не им чуе“ - наведува таа.

Во продолжение, професорката упатува и критика кон граѓаните, алудирајќи на изборниот резултат и последиците од него.

  • -Гласавте – добивте и сега ќе ги раниме, со огромни плати, вили и муфте - стои во објавата.


Слично

Поврзани вести