КРИЗНИОТ ШТАБ НА ГОТОВС: Екипите спремни за бурата „Андреа“
Балканот е под удар на бура а невреме и врнежи кои ќе донесат големи количини дожд се очекуваат и во земјава.
Најавите за циклонот „Андреа“ го ставија скопскиот кризен штаб на готовс.
Екипите на „Водовод и канализација“ излегоа на терен.
Со вонредна акција се исчистени сливниците од коловозите и критичните точки низ градот, додека машински се исчистени и главните одводни канали во Скопје.
Најавите на метеоролозите се деновиве регионот да се најде на удар на 50 до 80 литри на м2.
Она на што апелираат надлежните е да се исклучат пумпите на градежните јами а до граѓаните се праќаат пораки да не ги паркираат автомобилите под дрвореди, да не престојуваат на отворено и под осамени дрвја.
За проблеми вртете на 193.
Слично
