Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризната состојба продолжена за наредните шест месеци

Кризната состојба продолжена за наредните шест месеци

Продолжува кризната состојба во земјава. Сега таа се продолжува за наредните шест месеци, почнувајќи од 1 јули 2021 до 31 декември 2021 година. 

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја одржа 17-та седница на која е донесена одлука за продолжување на кризната состојба. Комисијата ја проследи одлуката до Собранието, кое, како што е најавено, утре ќе одржи пленарна седница. Кризната состојба, со претходна одлука на Собранието, е до 30 јуни 2021 година. 

Претседателот на Комисијата, Миле Талевски за МИА изјави дека на седницата присуствувале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

„Комисијата отвори дебата. Се разгледаа можности и предлози и се донесе одлука да се проследи до Собранието, на пленарна седница што ќе се одржи утре“, изјави Талевски.

Тој појасни дека собраниската Комисија за одбрана и безбедност има само обврска да ја проследи и да отвори дебата по нејзината работа.

Во земјава нагло се намали бројот на заразени со коронавирусот. За 24 часа има само 1 нов случај. 

Слично

Поврзани вести