КРИЗАТА ПОКАЖА ЗАБИ - за прв пат по 19 месеци пораст на бројот на невработени, во октомври за 1.429 лица
Дали кризата предизвикана од недостигот на енергенси и инфлацијата, конечно удри и врз вработеноста во земјава.
По 19 месеци пад и намалување на бројките на невработени, податоците на Агенцијата за вработување за октомври за прв пат покажуваат раст, односно зголемување за еден месец за 1.429 лица, кога станува збор за активните баратели на работа.
Со тоа практично на крајот на октомври, во земјава бројот на нвработени е 113.893 лица, откако еден месец претходно таа бројка изнесуваше 112.464 лица, говорат податоците на Агенцијата за вработување.
Зголемување има и кај пасивните баратели, односнио други лица кои бараат работа, или вкупно нивната бројка изнесува 1.834 нови невработени.
Ова следува откако претходно 19 месеци по ред паѓаше бројката на невработени. Во септември, на пример, таа регистрираше ново намалување од 2.470 лица.
Но, еве тој тренд како да заврши во октомври, кога за прв пат има зголемување на бројката на невработени, иако можеби е добро да се надеваме дека ова е само моментален удар од кризата и дека состојбата ќе се подобри во наредните месеци.
Инаку, како што веќе пишувавме, претходно во земјава се случуваше необичен феномен, во време кога бевме погодени од можеби најсилната енергетска криза досега.
Па така, во август бројката се намали за 2.115 граѓани, а намалување имаше и во јули, за 752 лица, додека јунското намалување беше исто така солидно и изнесувало близу 2.400 лица.
Н.Н.Ф.
