Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кризата ги пресуши кредитите во еврозоната

Кризата ги пресуши кредитите во еврозоната
Позајмувањето на домаќинствата од банки во еврозоната повторно е намалено во јануари, со што долготрајната должничка криза во регионот и понатаму го гуши кредитирањето. Според информациите од Европската централна банка (ЕЦБ), кредитите одобрени во приватниот сектор во еврозоната во јануари се намалени за 0,9% на годишно ниво, откако во декември минатата година се намалија за 0,7%. ЕЦБ веќе подолго време тврди дека падот на кредитирањето во приватниот сектор ја отсликува слабата побарувачка на кредити, а не строгите услови на кредитирање, како резултат на песимистичките прогнози за економијата во еврозоната. Банката исто така објави податоци за обемот на пари во оптег, наведувајќи дека паричната маса минатиот месец е зголемена. Индикаторот М3 порасна во јануари за 3,5% во однос на 3,4% во декември лани. ЕЦБ смета дека М3 е главен показател за инфлаторниот притисок и се користи при одредување на висината на каматните стапки.    
Слично

Поврзани вести