Кривичните судии бараат од Јовевски да им обезбеди толкување на настанатата ситуација со СЈО
Воедно судот бара Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски да иницира автентично толкување на член 22 од Законот за СЈО од страна на Собранието за да може да продолжи да работи тековно по новонастанатата ситуација откако Врховнопт суд пред една недела издаде мислење дека не треба да се земат предвид истрагите и обвиненијата од „бомбите“ во последните 18 месеци.
„Колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на седницата одржана на 04.02.2019 година, на која тема на дискусија беше правното мислење на Врховниот суд на Р.Македонија во однос на рокот во кој Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) може да поднесува и презема обвинениа, донесе заклучук да се обрати до Јавниот обвинител на Р.Македонија, Љубомир Јовевски, со барање Јавниот обвинител да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како овластен тужител во предметите поднесени од СЈО“, се вели во соопштението.
Се до произнесувањето на Јовевски дали предметите ќе останат во надлежност на СЈО или ќе бидат преземени од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, за истите при редовното работење на Основниот суд Скопје 1 ќе одлучуваат надлежните кривични совети, се со цел да не дојде до непотребно одолговлекување.
