Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривични за скопјани кои славеле во време на пандемија

Кривични за скопјани кои славеле во време на пандемија

Се славело во кафани и куќи, иако е забрането. 

Кривични пријави се поднесени против неколкумина граѓани за непочитување на здрасвтвените прописи, бидејќи во време на пандемија славеле во големи групи.

Единицата за внатрешни работи Гази Баба поднесе кривична пријава против еден скопјанец и еден државјанин на Германија, затоа што на 8 август организирале семејна прослава во угостителски објект кој подолго време не работел. 

Истата единица поднела кривична пријава и против други двајца скопјани кои на 1 август во куќа во Идризово славеле Курбан Бајрам.

Слично

Поврзани вести