Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривични за навивачите кои фрлаа камења и шишиња кон кафуле

Кривични за навивачите кои фрлаа камења и шишиња кон кафуле

Навивачи „заработија“ крвични пријави. 

Полиција поднесе кривични пријави против петмина тетовци поради сторено кривично дело насилство, а кривични пријави за ист таков деликт се поднесени и уште против двајца скопјани, шестмина тетовци и еден малолетник од тетовското село Требош.

На 2 ноември, по повод прославата 30 години од формирање на навивачката група „Војводи“ од Тетово, првите петмина пријавени, движејќи се низ повеќе тетовски улици, извикувале навредливи пароли.

На 3 ноември, во периодот од 12 до 16 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот меѓу фудбалскиот клуб „Тетекс“ од Тетово и фудбалскиот клуб „Трим лум“ од Струга, како и за време на натпреварот, петмината пријавени тетовци, заедно со двајцата пријавени скопјани, скандирале навредливи пароли.

На 4 ноември, во периодот од 12 до 15 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот меѓу фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово и фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, другите шестмина тетовци заедно со малолетникот од Требош, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли. Пред угостителски објект на улицата Борис Кидрич во Тетово, како дел од навивачката група „Балисти“, пријавените фрлале со камења и стаклени шишиња кон терасата на објектот.

Слично

Поврзани вести