Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривични за Џафери, Ибраими и Костовски од ВМРО ДПМНЕ

Кривични за Џафери, Ибраими и Костовски од ВМРО ДПМНЕ

Опозицијата денеска поднесе три кривични пријави против собранискиот спикер Талат Џафери, Неџбели Ибраими но и против директорот на Службен весник Мартин Костовски.

Како што соопштија од ВМРО ДПМНЕ оваа одлука доаѓа поради основано сомнение дека извршиле кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353, „Злосторничко здружување“ по чл.394 и „Саботажа“ по чл.315 од КЗ.

„Џафери, Ибраими и Костовски, свесно и со целосна умисла извршиле низа кривични дела при што ја злоупотребиле службената положба и овластување и го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на државата. Истите на нечесен и подмолен начин, спротивно на уставот и законите овозможиле објавување на законот за двојазичност без потпис од Претседателот на Републиката, со што се воведува неуставна двојазичност“, посочија од опозициската партија.

Од таму додаваат дека Законот за двојазичност во Службен весник е пратен само со потпис на Талат Џафери, што е правен преседан и целосно безаконие, бидејќи уставот стриктно пропишува дека указ за прогласување на закон не може да биде спроведен без потпис на претседателот на Република Македонија.

„Џафери не можел и не смеел да го испрати законот за објавување, а Ибраими, во својство на техничка служба немал никакво овластување да потпише. Костовски е одговорен бидејќи не смеел да објави указ за прогласување на закон без потпис на Претседателот.

Џафери, Ибраими и Костовски извршиле свесно загрозување на уставниот поредок бидејќи јасно е пропишана процедурата за прогласување на законот. Пријавените, свесно спротивно на Уставот на Република Македонија, со прогласувањето и стапувањето на силата на Законот за употреба на јазиците, воведуваат двојазничност на цела територија на Република Македонија, со што го рушат Уставниот поредок на државата“ - вели Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Мицковски додаваат дека во моментов е во процес на подготовка е и поднесокот до Уставен суд кој во понеделник ќе биде процесуиран, а со кој ќе побараат испитување на уставноста на законот за двојазичност, но истовремено бараат и изрекување на времена мерка за стопирање на имплементацијата на законот.

Слично

Поврзани вести