Кривични пријави за мртвопроверителите од кумановската болница кои не утврдија насилна смрт кај убиените жени
МВР објави дека до Јавното обвинителство во Куманово поднело кривични пријави за мртвопроверителите од болницата во Куманово кои претходно пропуштиле да утврдат насиулна смрт кај двете жени од Старо Нагоричане кои ги уби Трајко Бојковски (25) од кумановско.
- СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно вршење на службата“ против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од „Општа болница“- Куманово, објави министерството.
СВР Куманово поднесе кривични пријави против убиецот од Драгоманце за убиство на уште две жени и обид за убиство на две жени.
- СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство" поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т.. По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт. Врз основа и на други сознанија и докази, било утврдено дека тој ги убил двете жени и во координација со ОЈО, против него е поднесена кривична пријава, наведе полицијата.
Слично
