Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривични пријави за кумановци: Дошле од ризични земји, а не седеле дома

Кривични пријави за кумановци: Дошле од ризични земји, а не седеле дома

Двајца кумановци заработија кривична пријава откако Министерството за внатрешни работи утврди дека на се вратиле од земји со висок ризик па и покрај тоа што потпишале изјава дека ќе се самоизлираат, не седеле дома. 

Триесет идеветгодишниот Н.Т. (39) и педесетгодишникот Н.К. двајцата од Куманово, се пријавени поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 

Н.Т. во Македонија на 15 март влегол преку  „Ќафасан“, а се враќал од Италија при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово два дена по враќањето, тој не бил пронајден на адресата која ја навел во изјавата.

Пријавениот Н.К., враќајќи се од Австрија како високоризична земја, утврдена во листата на Светската здравствена организација, на 16.03.2020 година влегол во Р.С.Македонија преку ГП „Деве Баир“, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 17.03.2020 година, тој не бил пронајден на наведената адреса во изјавата.


Слично

Поврзани вести