Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривични пријави: Фудбалери од странство нападнале полицајци во Струга

Кривични пријави:  Фудбалери од странство нападнале полицајци во Струга

МВР поднесе кривична пријава против четири лица, државјани на Германија, Сенегал, Турција и Македонија за напад и попречување на полицајци во Струга. На 19 април по натпреварот помеѓу Струга и Гостивар дојде до инцидент во кој учествуваа фудбалери, членови на стручниот штаб, но и лица од трибините. Засега не е позната причината за ваквиот инцидент во македонската прва лига.

Фудбалерите со влечење, оттурнување и со физички напад, ги спречувале полициските службеници да преземаат службени дејствија по нарушен јавен ред и мир со тепачка.

- ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(31), од Република Германија, А.Д.(25) од Сенегал, Ш.Т.(25) од Турција и македонскиот државјанин Е.Д.(28) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, изјави за МИА портпаролот Стефан Димоски.

Станува збор за тројца фудбалери од фудбалскиот клуб Гостивар и едно лице од стручниот штаб на клубот, кои беа приведени од струшката полиција поради напад на полициски службеници по завршувањето на натпреварот со Струга. 




Слично

Поврзани вести