Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кривична за напаѓач кој во Собранието го удрил Заев во стомак

Кривична за напаѓач кој во Собранието го удрил Заев во стомак

Во врска со настаните  од 27.04.2017 година во Собранието на РМ, во текот на иминатите денови од страна на Единицата за насилен криминал во СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје доставена е уште една кривична пријава, против лицето Ј.Ч. (28) од Прилеп, поради постоење основи на сомневање за извршено кривично дело-“учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по чл.385 од КЗ на РМ.

„Пријавениот, на 27.04.2017 година околу 19,00 часот на ул. “11 ти Октомври“, откако со употреба на физичка сила насилно влегол во Собранието на Република Македонија, се упатил во прес салата 3 каде било обезбедувањето на претседателот на СДСМ по што почнал да го турка и влече. Истиот, во еден момент успеал да се приближи до претседателот на СДСМ кого физички го нападнал удирајки го со нога во пределот на стомакот“, соопштија од МВР.

Од страна на Единицата за насилен криминал обезбеден е видео запис со дејствијата кои ги презема и изготвен е фото албум.

Како шот се наведува во соопштението, со пријавениот Ј.Ч на 19 мај е извршен разговор во кој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, а во консултација со Јавен обвинител по извршениот разговор истиот бил ослободен.

Слично

Поврзани вести