Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРИВИЧНА ЗА ЛИЦАТА КОИ ЈАВНО СЕ ЗАКАНУВАА И ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ „СЕЈФ СИТИ“: Ја поднесе претседателот на Независниот полициски синдикат

КРИВИЧНА ЗА ЛИЦАТА КОИ ЈАВНО СЕ ЗАКАНУВАА И ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ „СЕЈФ СИТИ“: Ја поднесе претседателот на Независниот полициски синдикат

Припадниците на ромската националност, кои пред неколку дена јавно се закануваа со убиства и немири доколку полиција се обиде да ги легитимира или да им одземе возило, заради непочитување на законските прописи, заработија кривична пријава.

За истата информираше претседателот на независниот синдикат на полицијата, Мартин Еферов, на социјалните мрежи. 

„Поднесена кривична пријава против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот.

Очекуваме обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица.

Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното не постапување нема да остане незабележано...“, објави синоќа тој.



Слично

Поврзани вести